Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати сочувство по повод смртта на Љубиша Георгиевски.

Со длабоко жалење утрово ја примив веста за смртта на Проф. д-р Љубиша Георгиевски.
Тој со својот плоден животен век остави неизбришлива трага во драматургијата, македонскиот филм, општествената дејност, но и во креирање на темели и изградбата на нашата држава Република Македонија.
Тој со својот мирен и мудар хабитус беше вистинска додадена вредност и за ВМРО-ДПМНЕ каде се вгради во нејзиното растење и партиско живеење.
Имав ретка можност и чест за почести средби и комуникации во последниот период, неговата чиста мисла, драматурска прецизност и пред се мудрост беше исклучително корисна и плодотворна. Неговата грамадна големина во битисувањето на Македонската држава, неговата исклучителна љубов кон нашата земја и нашиот народ ќе биде запаметена. И тоа остава неизбришлива длабока трага за нашата земја Македонија, трага која ќе се памети денес, утре и многу години потоа.
Искуствено надраснат, но и емотивно загрижен во однос на последните случувања во нашата земја ќе кажеше, Македонија е поголема од сите неправди, прогони и наказувања, и таа сепак ќе воскресне и победи, бидејќи таа е идеја, емоција и наша судбина. Благодарам за се што направи за ВМРО-ДПМНЕ и за Република Македонија.
Почивај во мир ПРОФЕСОРЕ!, напиша на својот Фејсбук профил Мицкоски.

 

 

 

<iframe src=”https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FMickoskiHristijan%2Fposts%2F1119521618223296&width=500″ width=”500″ height=”600″ style=”border:none;overflow:hidden” scrolling=”no” frameborder=”0″ allowTransparency=”true” allow=”encrypted-media”></iframe>

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.