По слабите игри на почетокот на оваа сезона, челниците на Баерн Минхен подготвуваат голема реконструкција на тимот во летниот преоден рок. Главна цел е екипата која долго време игра заедно е да биде целосно подмладена.

Своето заминување од клубот веќе го најави ветеранот Арјен Робен, а истото се очекува и од  Французинот Рибери. Весникот „Билд“, пишува дека во Баерн ќе вложи 250 милиони евра во реконструкцијата на тимот и ги открива имињата на играчите „баварците“ ќе се обидат да ги ангажираат.

Според весникот, како главни засилувања во нападот се планирани Хрватот Анте Ребиќ и Србинот Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт.

Покрај нив, Баерн бил подготвени да му плати на Ајакс по 50 милиони евра за 21-годишниот Френки Де Јонг и две години помладиот Матијас Де Лихт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.