Ако мислите дека претседателот на САД Доналд Трамп е лоша личност, обидете се да го замислите во празнична атмосфера.

Еден од синовите на Трамп, Доналд Трамп Џуниор, ја искористи празничната сезона за да го испромовира татка си (бидејќи, нели, му треба промоција!)

Доналд Џуниор објави фотографија на својот Instagram профил на која се гледа дека на врвот на новогодишната елка ставил фигура на татко му.

Не можев да се одлучам дали да ставам ангел или ѕвезда, па одбрав – и двете!“, напиша гордиот син со хаштази Божик, елка, ѕвезда и ангел.

Многу негови следачи на социјалната мрежа го исмеваат за ваквата објава и го искритикуваа дека го искористува Божик за да го промовира претседателот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.