Проектот Клиничка болница во Штип и натаму е заглавен. Не се работи ништо, а нема ниту информации кога и како ќе продолжи изведбата. Градежните активности се стопирани откако компанијата Бетон од Штип која е и подизведувач на проектот се соочува со финансиски проблеми. Носител на проектот е грчка компанија, а власта допрва ќе бара начин како да се надмине проблемот.

 

Според планот првата фаза од изградбата веќе требаше да биде готова. Власта сега најавува нов динамичен план според кој болницата би требало да биде готова до средината на 2020 година.

Темелите на овој капитален проект кој според проценките треба да чини 30 милиони евра беа удрени во март 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.