Познатата презентерка на Канал 5 телевизија, Татјана Стојановска, во интервју за Женски магазин, меѓу другото, зборува и за нејзиниот приватен живот каде открива дека е во долга врска со Михаил Китановски со кого во неформален брак живее веќе седум години.

Со Михаил сме заедно 8 години, од кои 7 години живееме заедно. Се запознавме на одмор во Турција 2012, каде бевме со децата и таа пријателска дружба премина во врска, а по една година продолжи и како заедничко живеење. Секако поради одредени околности, прилагодувања, не дојде до официјализирање на врската, но заедничкото живеење без формализирање е неформален брак секаде во светот, нели?, вели познатата презентерка.

Додава дека тоа што ги поврзало е искрениот однос, заедничките интереси во животот, семејните вредности, грижата за децата.

Секако кај него ме плени и комуникативноста, смислата за хумор, а пред сѐ интелектот, приземјеноста во сѐ. Со еден збор човечноста и емпатијата за секого, секому да се помогне. Грижата еден за друг, поддршката, љубовта и негувањето на сето тоа е она што не спојува, вели Стојановска.

Целото интервју можете да го прочитате тука.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.