Тања Савиќ постојано живее на адреса Авастралија – Србија, а сега одлучи поради својата кариера повеќе време да поминува во Белград, па заедно со сопругот планираат да купат имот во српската престолнина.

Пејачката и нејзиниот сопруг Душан веќе разгледувале куќи во елитната населба Сењак, пишува „Свет“.

Цените на куќите се многу високи, чинат нешто помалку од милион евра, но Тања и Душан не прават проблеми околу тоа. Планираат да платат во готово, само не може да се договорат која куќа ќе ја купат. До крајот на неделата треба да донесат одлука и да потпишат договор“, вели извор.

Како што пренесува „Свет“, Тања и Душан се сомневаат меѓу две куќи, а синовите планираат да ги запишат во приватно училиште.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.