Меган Маркл (38) сака да ја прошири улогата како наратор во документарецот на Дизни „Elephant“, со актерката Анџелина Џоли (44), на која особено и се восхитува.

Таа сака да и биде менторка во актерството. Џоли исто така глумела во филм на Дизни.

„Меган има почит кон Анџелина, како лично, така и професионално. Ѝ се восхитува како успеала да ја избалансира работата во добротворни цели и да има успешна кариера, а покрај тоа да одгледува шест деца“, рекол извор близок на Меган.

Меѓутоа ова мислење го дели и Џоли која изјавува дека сака да негува пријателство со војвотката. Таа се надева дека ќе запознае нови пријатели во Лос Анџелес, а како што тврди изворот, Меган е нејзината најдобра опција. Тие се сретнале неколку пати.

Инаку пред само два дена магазинот Women’s Day објави дека Меган и Хари се разведуваат, а тие ги поседувааат деталите за разводот на деценијата.

Не можете да ми кажете дека ова не беше нејзиниот план од самиот почеток. Таа ги донесе Хари и Арчи во Америка за да може да продолжи со својот холивудски живот, а најстрашно е што Хари го има на дланка – тие се во Америка, далеку од неговото семејство и во земја каде што таа е целосно во предност кога станува збор за законите и правата“, изјавил изворот за магазинот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.