Јелена Карлеуша имаше ново скандалозно појавување во јавноста.

Во студиото на „Гранд-ѕвезди“ Јелена пристигна во стил на вистинска дива. За снимањето на новата емисија на популарниот музички натпревар, во кој веќе неколку сезони е член на жирито, пејачката избра комбинација која повеќе откриваше одошто покриваше.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Нејзиното пристигнување беше овековечено од страна на насобраните фоторепортери, а некои од фотографиите предизвикаа лавина од коментари на социјалните мрежи…

На дел од фотографиите, стомакот на пејачката не изгледа идеално, па многумина го искористија тоа за да ја обвинат Карлеуша дека ги фотошопира фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, преставувајќи се на тој начин совршена, иако во реалноста е далеку од тоа.

Сепак, на таквите обвинувања, Карлеуша одговори со стил, односно со објавување на видеоснимка во чиј опис стои симбол на „бомба“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.