Рајан Фишер, шетачот на кучиња на Лејди Гага, беше застрелан четири пати во градите во четвртокот околу 22 часот додека ги чуваше кучињата на славната пејачка

Полицијата пристигнала на местото на несреќата многу брзо, додека Фишер лежел на земја облеан во крв, во сериозна состојба, но тој бил во свесна состојба.

Тој бил застрелан пред неговата куќа на авенијата Сиера Бонита. Тој бил итно пренесен во болница, а состојбата сè уште не се знае. Кучињата на Лејди Гага, Кои и Густаво биле украдени, додека Мис Азија избегала, но подоцна полицијата ги пронашла.

Рајан Фишер, бил задолжен за шетање на кучињата на Лејди Гага, додека таа моментално е во Италија.

Кога дознала за немилиот настан, таа била целосно шокирана и скршена од болката, како поради повредата на Фишер, така и поради загубата на нејзините миленици, за што е подготвена да плати дури половина милион долари , со цел киднаперите да ги вратат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.