Северина Којиќ на својот Инстаграм-профил објави фотографија на која позира со сопругот Игор Којиќ. Фотографијата е снимена додека популарната двојка се возела во јавен превоз, поточно во градски автобус во Лесковац што е раритет за естрадните ѕвезди.

Инаку, за само два часа по објавувањето, фотка ја лајкуваа десетина илјади следбеници, а во коментарите се најдоа и голем број комплименти. Имено, многумина се прашуваат како Северина успева да изгледа толку младо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.