Сите добри работи имаат свој крај, особено ако продолжиле 16 години и биле благословени од ангелски глас среде пустината Невада. Во саботата вечер, Селин Дион направи проштално шоу на сцената на Колосеумот во „Сизар палас“, Лас Вегас. Таа направи два последни подароци на публиката: ја претстави баладата „Flyin on My Own“, со која ги возбуди присутните и … го прекина концертот за да почека еден од своите обожаватели да „скокне“ до тоалетот.

Пејачката забележа како еден од посетителите стана од првиот ред. Потоа таа ја прекина нејзината изведба и смирено чекаше додека повторно не го зазеде своето место.

Сите ние те чекавме … Сите 4.300 луѓе! Немој да брзаш сега“, се пошегува ѕвездата, при враќањето на човекот и додаде: „Откако купил два билети за прв ред, за да дојде и да го види последното шоу … Јасно е дека ќе го почекам тоа, тоа е најмалку што можам да направам“, додава таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.