Актерката Салма Хајек присуствуваше на гала-вечерта на доделување на Оскарите, но сите можеа да забележат дека таа воопшто не беше присутна на ниту една забава потоа.

Таа за медиумите откри дека морала итно да отиде во болница веднаш по завршувањето на церемонијата, бидејќи нејзината менаџерка Евелин О’нил имала мала несреќа. Евелин паднала и се повредила, а бидејќи се блиски пријателки со актерката, било сосема нормално Салма да остане со неа додека да ја отпуштат од болница.

На актерката не ѝ било важно што пропушта забави, бидејќи ѝ било важно нејзината пријателка да се чувствува добро.

Целата ноќ ја поминала во синиот фустан на Гучи кој го носеше во текот на церемонијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.