Пејачката од Барбарос веќе две години е во врска со арапскиот милијардер Хасан Џамил. Нивните заеднички пријатели се уверени дека двојката наското ќе стапи на „лудиот камен“, а нивната свадба ќе биде свадба на годината.

Пејачката од Барбарос веќе две години е во врска со арапскиот милијардер Хасан Џамил. Нивните заеднички пријатели се уверени дека двојката наското ќе стапи на „лудиот камен“, а нивната свадба ќе биде свадба на годината.

Пејачката на своите обожаватели им ветила дека во меѓувреме ќе издаде албум, но во моментов таа е сконцентрирана на дизајнирање на долна облека и козметика. Нејзин близок пријател вели
дека Ријана избегнува по секоја цена да се појави во јавност, а пред се причина за тоа е нејзиното момче Џамил.

„Лудо е вљубена во него. Венчавката е само прашање на време, а таа не може да дочека тој да ја запроси“, рекол извор близок до пејачката за британските медиуми.

Нејзиниот вереник инаку „тежи“ 1,5 милијарди долари и е член на управата на семејната компанијата Абдул Љатиф Џамел, која ја има основано неговиот татко.

 

 

View this post on Instagram

 

Zaddy Hassan 😍 in New York. Handsome😍😍😍 #rihanna #hassanjameel #chrianna #rihssan #aubrih

A post shared by Rihssan4ever (@rihssan4ever) on

Според Форбс неговото семејство е четврто по богатство во Саудиска Арабија. Младиот Хасан кратко време бил во врска со Наоми Кембел, а зад себе има и еден пропаднат брак. Сега тој вели дека е подготвен остатокот од животот да го помине со атрактивната пејачка.

Ријана во последно време малку се одалечи од музичкиот свет, ама тоа не му наштети на нејзиниот финансиски биланс. Иако нема милијарди како својот избраник, албумите, настапите, линијата на долна облека, шминката и рекламите и донесоа солидни 250 милиони долари.

Кога двојката ќе се одлучи да го каже судбоносното „да“, тоа ќе биде венчавка на годината. Саудијците се познати по големите свадби, а кога ќе се жени еден од нивните најбогати и тоа за една од најпознатите ѕвезди на светот, тоа сигурно ќе биде спектакл, пишуваат медиумите во Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.