Бившиот славен брачен пар, пејачката Адел и хуманитарецот Сајмон Конецки, дефинитивно и формално, со судски развод, ставија крај на нивниот брак.

Нивната љубовна врска започна во 2011 година, една година подоцна добија син, а во 2016 година во тајност размениле брачни завети.

Сепак, во текот на изминатата година, на нивната љубов дојде крај и Адел ги предаде документите за развод.

Иако јавноста со нетрпение чека да ги дознае причините за разделбата, парот реши да сè да остане подалеку од очите на јавноста, исто како што направија за време на врската.

Според странските медиуми, станува збор за развод вреден 140 милиони фунти, а Адел не потпишала предбрачен договор за заштита на нејзиниот имот. Како што се шпекулира, пејачката имала само едно барање за време на судската постапка – деталите за пресудата да се чуваат во тајност.

Сепак, се знае дека поранешната двојка решила да го споделат старателството над нивниот син Ејнџел. Пејачката на Сајмон му купила луксузна куќа во Лос Анџелес, во близина на нејзиниот дом, за да учествува во воспитувањето на нивниот син.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.