Пресметката помеѓу Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ има нова рунда.

Карлеуша не се појавила на денешното рочиште, додека Цеца и нејзиниот адвокат пред новинарите изјавиле дека судењето е завршена и дека судот наскоро ќе донесе пресуда.

Цеца прва пристигнала на судење и тоа облечена во фармерки, бел капут и високи потпетици, а на присутните новинари само кратко им посакала „добар ден“.

На прашање од новинарите дали станува збор за тужба поради навреда на углед, бидејќи Карлеуша во една прилика на Инстаграм напиша дека „Цеца е глупа како к..“, адвокатот на Ражнатовиќ кратко одговори: „Да кажеме дека е за тоа“.

Не може веќе ова да се развлечува. Ова трае од 2017 година, а сега 2020 година. Јас сега дадов изјава. Доаѓав на секое судење, рекла фолк-пејачката.

Последниот спор помеѓу двете сопернички е кога Цеца од ЈК бараше да и ја надокнати штетата за претрпена душевна болка, меѓутоа се заврши со споразум.

Цеца претходно имаше неколку блиски средби со правосудните органи, а поради финасиски малверзации беше осудена и на куќен притвор и плаќање на милионска казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.