Фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ е негативна на корона вирус, покажал тестот направен пред три дена, дознава српски Блиц.

Пејачката на 10 јуни дозна дека е заразена со корона вирус. Пред тоа прво и беше направен серолошки тест земен од крв од вена кој покажал дека е негативна. Меѓутоа, таа после тоа направила и ПЦР тест, кој се прави така што се земаат брисеви од носот и грлото, кој покажал дека е позитивна.

Цеца потоа во понеделникот, 15 јуни, направила повторен ПЦР тест, кој покажал дека сега е негативна на корона вирус.

Синот на пејачката, боксерот Вељко Ражнатовиќ исто така го повтори ПЦР тестот и неговиот наод исто така покажал дека тој е негативен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.