Славната актерка и зајачица на „Плејбој“ Памела Андерсон (52) ја изненади јавноста со веста дека се мажи за продуцентот Џон Питерс (74), со кого беше во врска пред 30 години. Памела уште повеќе изненади со веста дека се разведува по 12 дена брак.

Веста за новопечаните младенци не стаса ни да се прошири, а веќе медиумите ги преплавија натписи за разводот на нејзиниот петти брак кој не потраја ниту две недели.

На брак со Питерс со одлучи по враќањето од Индија каде што беше еден месец на „духовно чистење“. Нејзиното срце беше широко отворено, но брзо сфати дека погреши – рекол пријател на актерката.

Истиот извор тврди дека актерката одлучила да се омажи за Питерс по три дена, но дека набргу исчезнале емоциите и таа сфатила дека погрешила со одлуката.

 Памела не функционира на иста бранова должина како и другите луѓе. Има големо срце и сака многу силно, брзо и безусловно. Кога се врати од пат, Џон ѝ рече: „Те сакам, ајде да се венчаме“, а таа одговори: „Во ред“ – рекол изворот за „Page six“.

Наводно славниот продуцент почнал да ја контролира Памела, а тоа не ѝ се допаднало на актерката.

 Памела забележа дека тој е фрустиран бидејќи таа сака да биде финасиски независна. Почна да влијае на нејзината кариера и да ѝ договара улоги, но таа не сакаше – рекол изворот.

Актерката и продуцентот се венчаа претходниот месец на церемонија во Малибу каде што присуствуваа и нејзините синови.

Инаку, Памела и Џон се запознале во 1980-тите во вилата на славниот Хју Хефнер кога актерката имала 19 години и била дел од големото семејство на „Плејбој-зајачици“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.