Се запознале пред 35. години, а во 1989. година кусо биле во врска.

52. годишната зајачица на Плејбој и актерка и 74. годишниот филмски продуцент наводно се венчале во Малибу, а на церемонијата биле и нивните деца.

Петерс потврдил дека тој и Памела се венчале после неколку месеци забавување.

Се запознале пред 35. години, а во 1989. година кусо биле во врска. Петерс вели дека можел да ги има сите девојки кои би ги посакал, но ја сакал само и единствено Памела.

Отсекогаш сум ја сакал неа, иако можев да ја имам секоја. Таа ме излудува на позитивен начин. Таа е многу повеќе од тоа што го гледате, инаку не би ја сакал толку многу“, рекол 74. годишниот продуцент.

На Памела ова и е петти брак. Минатата година таа ја прекина врската со 18. години помладиот француски фудбалер, Адил Рами, кој наводно ја изневерил со својата поранешна жена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.