Новиот документарен филм за Меган Маркл, војвотката од Сасекс, открива бројни детали за нејзиниот живот пред да го запознае принцот Хари.

Филмот носи наслов „Meghan Markle: Movies, Marriage & Motherhood“ а е прикажан минатиот викенд на „Канал 5“.
Меган Маркл се разведе од продуцентот Тревор Енгелсон во 2013 година.

Маркл и Енгелсон се венчале во Јамајка во 2011 година, но две години подоцна нивниот брак завршил, како што се тврди во филмот, поради непремостливите разлики.

Во документарецот, кралската дописничка Ешли Пиерсон тврди дека двојката ги разделила актерската кариера на Меган.

Тие биле заедно седум години, а две во брак. Проблемот во бракот била далечината. Меган добила улога во серијата „Suits“ и морала да живее во Торонто, а тој во Лос Анџелес. На овој брак едноставно не му било судено да потрае“, вели таа.

Тревор Енгелсон се оженил само неколку дена откако Меган има син со Хари. Негова избраничка е Трејси Карленд, нутриционистка, со која се вериле две недели по кралската свадба во 2018.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.