Наташа Беквалац стави нови силиконски гради. Поп-пејачката реши по седум години да оди на „ремонт“ на деколтето и старите „близначки“ да ги замени со поубави и поцврсти.

Наташа води сметка за својот изглед и за тоа одлучи да ги замени силиконите кои ги стави во 2012 година. Беше во една белградска клиника и таму ја направила интервенцијата. Беквалац го искористи овој период кога нема многу настапи за да ги замени силиконите, бидејќи наскоро почнува со подготовки за големиот солистички концерт, кој е закажан за на 14 февруари во Белградска арена – вели извор близок на пејачката и додава:

Моментално се опоравува. Операцијата помина во најдобар ред. Сестрите Кристина и Драгана и помагаат околу помладата ќерка Катја, па така прашање на време е кога Наташа ќе се врати на секојдневните обврски.

 

View this post on Instagram

Spremna🎤

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva) on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.