Жељко Бебек конечно со својот бенд ќе настапи во Скопје, со два концерта, во Македонската филхармонија, на 28-ми и 29-ти март. Легендарниот Бебек со неговиот бенд ќе ни овозможи во навистина раритетниот простор на Македонската филхармонија, конечно да ги слушнеме во живо безвременските хитови од „Sanjao sam noćas da te nemam“, „Sve će to o mila moja prekriti ruzmarin snjegovi i šaš“, „Selma“, „Ima neka tajna veza“, „Doživjeti stotu“…, потоа „Oprosti mi što te volim“, „Laku noć, svirači“…, па сѐ до актуелните песни од последниот албум на Бебек “Ono nesto nase” како “Ako volis ovu zenu”, “Ljubav ko iz pjesme” и други, со кој ги наполни буквално сите концертни сали во регионов.

Да бидеме искрени, во најголемата група на Балканот на сите времиња „Бијело Дугме“, поминаа уште двајца пејачи, ама покрај Горан Бреговиќ, посебен белег на бендот со дури шест албуми даде токму Жељко Бебек, неприкосновен вокал, којшто ги отпеа најголемите песни на бендот, а и после “Бијело Дугме” успеа да направи многу респектабилна соло кариера.

Во Македонската филхармонија, сѐ ова ќе биде споено во едно, велат од Авалон.

 

Иако делува неверојатно за толку голем пејач, ова е прв пат во неговата кариера Жељко Бебек заедно со неговиот бенд да настапи соло во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.