Оваа година публиката има шанса да ја ужива фестивалската магија во 2 дена при крајот на август! Првата најава стигнува денес директно од Стокхолм, Шведска и го најавува првиот бенд, кој ќе настапи на 26 август во паркот на МКЦ. Viagra Boys е шведски пост-панк бенд, кој со секој нов албум станува сѐ подобар и подобар. Беше планиран за ланското издание, но заради компликациите произлезени од ситуацијата со корона-вирусот неговото доаѓање се одложи за оваа година. Овогодишниот Фестивал на нова музика ќе понуди разновидна програма со најактуелните имиња од новиот бран на музичката сфера.

Првата најава за фестивалот стигна на 30 март, со објавување на резултатите од конкурсот за дизајн на ова издание. Првонаграденото дизајнерско решение е исто така и официјалниот визуелен дизајн на фестивалот ЗДРАВО МЛАДИ 11, кој е дело на Катја Штркова. Во рамки на придружната програма ќе се реализира и групна изложба со сите дизајни на уметниците што аплицираа на конкурсот.

Фестивалот ќе се реализира согласно мерките за организирање настани на отворен простор.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од следната недела. Истите ќе бидат достапни на билетарницата во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.