За време на гостувањето на Здравко Чолиќ во Скопје, со оглед на тоа дека и самиот настапувал на Евровизија и во пресрет на овој голем музички настан, пејачот се осврна на искуствата и неговото мислење за сето тоа.

„Гори ватра“ е многу интересно што беше работена за нашиот пазар. Тоа е песна и тескт на Кемал Монтено, аранжман на Ранко Рихтман , сараевска продукција. Тоа е песна која беше за прв пат отпеана на фестивалот во Опатија. Тогаш правилата беа победникот на опатискиот фестивал одеше на Евровизија како претставник од нашата земја. Та не е евровизиска песна, тоа е наша песна, босанска или југословенска и таа како победник дојде и немаше некаков пласман, но јас забележав успех и потпишав тогаш договори со „Борнер брадерс“ германската филијала, а песната остана бидејќи е наша, домашна и го има оној набој , енергија и текстот: Гори ватра, сад у нама….“ песната остана често ја пејам на концерти, раскажа Здравко Чолиќ.

Евровизија во тоа време беше одличен фестивал.

Тогаш се следеа светските трендови. Евровизија тогаш беше музички многу посодржинска порано отколку подоцна. Моето мислење е дека Евровизија е одлична сценска манифестација, но кратко музичка. Тие песни не се задржуваат долго  во дискотеките или во некои радиски фонотеки, но настанот сам по себе е комерцијален и добро е да се учествува. Ова е некако разлика на Евровизија некогаш и сега, но секогаш е убаво задоволство, убаво дружење и секогаш ми останаа убави спомени од настапот зошто тоа ми беше еден од првите големи настапи. Беше во Луксембург, но не би препорачувал настап по секоја цена. Мислам дека тоа е идеална прилика за нови гласови, за млади луѓе кои нема што да изгубат, туку само да добијат, рече Чолиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.