Подготвен од срце за сите, балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ, со нетрпение чека да ја исполни Национална арена Филип Втори Македонски со многу енергија, информираат од организацијата на концертниот спектакл. Картите за концертот кој е во организација на Прагма продукција ќе бидат во продажба од денеска (понеделник, 18-ти март) по цена од 300 денари.

-Се очекува позитивната атмосфера и музиката на Чолиќ да го освои секое срце во центарот на Скопје во сабота, 15-ти јуни 2019, во 21.00 часот. За сите кои се подготвени да го почуствуваат легендарниот глас на Чолиќ ќе може да го обезбедат тоа онлајн на www.kupikartizase.com и од Пола Југотон и цвеќара Розе – Веро 2. Подгответе се за невиден и исклучителен спектакл и вечер која секој кој ќе помине низ портите на Национална Арена Филип Втори Македонски на 15 јуни 2019 ќе ја памети засекогаш, велат организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.