Подготвен од срце за сите, балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ, со нетрпение чека да го исполни Градскиот стадион со многу енергија, информираат од организацијата на концертниот спектакл.

Се очекува позитивната атмосфера и музиката на Чолиќ да го освои секое срце во центарот на Скопје во сабота, 15-ти јуни 2019, во 21.00 часот. За сите кои се подготвени да го почуствуваат легендарниот глас на Чолиќ ќе може да го обезбедат тоа онлајн на www.kupikartizase.com и од Пола Југотон и цвеќара Розе – Веро 2. Подгответе се за невиден и исклучителен спектакл и вечер која секој кој ќе помине низ портите на Градскиот стадион на 15 јуни 2019 ќе ја памети засекогаш, велат организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.