Гитаристот на рок групата Рибља чорба, Мирослав Миша Алексиќ почина во 67 година од животот.

Тој се лекуваше од корона вирусот во КБЦ Бежаниска коса, а состојбата му се влоши, по што беше префрлен на респиратор.

Денеска сепак ја изгуби битката за живот.

Неговата ќерка Мина Алексиќ пред неколку дена објави емотивен статсус во кој ги повика сите да се молат за неговиот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.