Српскиот рапер Далибор Андонов, познат под уметничкото име Гру, загина денеска во близина на Наутичкиот клуб „Земун“, откако при воден спорт паднал во вода.

Тој бил голем љубител на ектремни спортови и бил искусен спортист.

Како што пренесуваат српските медиуми, тој загинал околу 15,30 часот, а од водата го извлекле неговите пријатели.

Веднаш била повиката медицинска помош, но лекарот констатирал смрт.

Во Македонија Гру гостувалнеколку пати заедно со Ајс Нигрутин и групата МВП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.