Васил Гарванлиев тукушто настапи како шести на евровизиската сцена во рамките на првата полуфинална вечер.

Македонскиот музичар со моќен вокал ја изведе „Here I Stand“. Текстот на песната е дело на Гарванлиев, кој се погрижи и за музиката заедно со Давор Јордановски и Борче Кузмановски.

Настапот на Гарванлиев е убедливо најдоброто евровизиско претставвуање на Македонија досега.

Највпечатлив елемент од стајлингот на 36-годишниот музичар беше маицата декорирана со парчиња огледала кои ја рефлектираа светлината.

За огледалата, како дел од целата евровизиска приказна, Васил изјави: „Целата метафора околу тоа е… Многупати кога луѓето нè напаѓаат, ние сме рефлексија на нивните несигурности. Огледалото е твојот најдобар пријател или најлош непријател. Низ настапот, ја претвораме темнината во светлина. Секоја негативност која доаѓа до тебе, во моментот кога ќе стигне до тебе, ги отвораш рацете и ѝ велиш ‘влези, но ќе те претворам во светлина’“.

Манифестацијата се одржува во Родердам, Холандија, а наскоро ќе дознаеме дали ќе се пласираме во големото финале кое е закажано за 22 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.