Пристигна уште еден нов хит од Аца Лукас. Песната „Еднаш“ е вистински подарок за публиката пред самостојниот концерт во Старк Арената.

Песната е направена од докажана добра екипа предводена од продуцентот и менаџер Саша Мирковиќ. Текстот и музиката ги напиша Драган Брајовиќ Браја, а аранжманот Саша Николиќ.

Фановите на Аца Лукас се воодушевени од новата песна, но и изненадени од новиот изглед на пејачот. Лукас е обично со неуредна долга коса, најчесто масна, но за потребите за промоција на новата песна Лукас се појавува со потстрижана уредна коса. Којзнае, можеби човекот се променил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.