Ако денеска за сексот, развратот и блудот се зборува како за нешто вообичаено, како добар ден, порано сексот, особено првиот, бил тема на која ѝ се приоѓа со многу внимание. И дискреција, секако.

Донесуваме неколку хидотив кои сите добро ги знаат, а го опеваат првото сексуално искуство.

Забрањено пушење „Пробушени долар“

Најпознатиот сараевски бенд темава ја опева од сериозен агол. Се работи за песната „Како је Велика Британија постала пробушени долар“. Млада девојка, која по бањалучкиот земјотрес останува без дом, ја искористува главниот сараевски фраер, во песната наречен „птров за клинки“ Џулијано пике. Тој ги заведува девојките во мрак, поради што утредента имаат значително помала вредност, како дупнат долар.

Đulijano Pike, otrov za klinke, ženskih srca on je gospodar. Zavede je u mraku, u velikom parku, a već sutra za njom viknu probušeni dolar.

Нови фосили „Било ми је први пут“

Губење невиност е мотив и на песната на Нови фосили „Било ми је први пут“.

Bilo mi je prvi put, samo jednom prva zora sviće. Najlepše su čiste i nespretne ruke…

Филм „Сеќам се првог пољупца“

Јура Стублиќ со задоволство се сеќава на првиот допир и бакнеж. Јура го опишува првиот секс на нежен начин.

Sjećam se prvog poljupca, samo on je bio i sladak, sjećam se prvog dodira, samo tada sam drhtao.

Парни ваљак „Неда“

Во Неда биле вљубени сите момчиња, па и главниот јунак од песната на Парни ваљак од 198о година. Сите мечтаеле да бидат со неа, но Неда не се давала се до еден ден…

Neda, nije više tako ohola. Neda, mnogo lakše sada kaže ‚da‘ Gledam je dok se svlači, kako to sada stručno radi i pitam je da l‘ se sjeća onih dana kako nas je redom odbijala tada.

Миле Китиќ „Краљица тротоара“

Еден од најголемите хитови на Миле Китиќ е „Краљица тротоара“. Фолкерот пее за повторна средба со својата прва девојка, првата љубов со која изгубил невиност, а која по години станала кралица на тротоарите.

Moja prva ljubav, moj prvi pređen most. Moja prva ljubav, moja nevinost. Moja prva ljubav, sada svetom hara, postala je kraljica trotoara.

Здравко Чолиќ „Маѓарица“

Кој би рекол, но и пристојното момче Здравко Чолиќ пее за првиот сексуален однос и тоа во многу добро познатата песна „Маѓарица“, дело на Ѓорѓе Балашевиќ.

Nisam ni ja od kamena, kad se takla mog ramena… Ne znam da l‘ se zaljubila, kao divlja me ljubila…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.