Претставникот на „Евровизија 2005“, денес директор на Националниот aнсамбл за народни игри и песни на Македонија, „Танец“, уште еднаш јавно ја поддржа својата колешка Тамара Тодевска.

Доцна синоќа по прогласувањето на победникот, Мартин Вучиќ ѝ порача:

Тамара, дали си свесна каков стандард постави??? Жално е што немаме барем уште една две од твој ранг (да не бидам погрешно сфатен имаме пејачки надежни, како на пример оние исто така одлични вокали кои не се гледаа а допринесона за добра боја кои допрва ќе се докажуваат) па да се надеваме дека на некој друг ќе му се посреќи ова што за малку на тебе ти избега…Направи таков резултат(по мене во догледно време недостижен) што од следната година пак ќе бидеме среќни ако влегуваме барем во финале…
Б Р А В О за цел тим, сите сме #PROUD

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.