Марина Гагиќ го напуштила Дарко Лазиќ и заминала кај своите родители со синот Алексеј. Популарниот пар со месеци наназад има несогласувања, а за време на една караница, фолкерот во налет на бес земал дури и пиштол и пукал во телевизорот, дознава српски Курир.

Како што вели извор близок на пејачот, тој и Марина од крајот на минатата година не функционираат, а караниците станувале се почести. На Марина и пречело дека Дарко крие некои работи од неа, излегува од дома кога ќе посака, не се јавува на телефон и што во неколку наврати не знаела каде се наоѓа во половина ноќ. Караниците станувале се побурни со тек на време, а фолкерот неодамна направил хаос во семејниот дом  во Брестач, каде заедно живееле. Тој во еден момент полудел, почнал да вика и да фрла работи по куќата, а потоа отишол до собата каде чувал пиштол, излетал со него во дневната соба каде била и Марина, почнал да мафта со пиштолот и пукал во телевизорот. Свршеницата почнала да вришти и излегла од дома, но набрзо се смириле и таа му дала втора шанса.

Меѓутоа изгледа сепак Марина не можела да го издржи притисокот на јавноста и информациите кои кружат за пејачот, па исплашена за својата безбеднсот, го зела синот и заминала кај родителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.