После погребот на Предраг Живковиќ Тозовац ќе почне и борбата за неговото наследство.

Некои пријатели на легендарниот пејач велат дека постои можност неговите вонбрачни синови да се појават и да бараат дел од наследството на пејачот, на кое имаат право, бидејќи Тозовац ги признал.

Имотот кој познатиот музичар го стекнал за време на животот, на оставинска расправа може да биде поделен меѓу неговите вонбрачни деца и сопругата Мима. Како што тврдат неговите пријатели, Тозовац има доста заработено, бидејќи со децении беше еден од најпопуларните и најуспешни пејачи, па стекнал два стана и една куќа. Инаку како што Тозовац кажал во една прилика, неговите вонбрачни деца живеат во странство и не доаѓале скоро во Србија.

Тој избегнувал да заборува за нив.

Имам два вонбрачни сина, ама тоа е моја приватна работа. Тие нека се живи и здрави, ама моите синови се создадени случајно- рекол пејачот пред девет години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.