Блесни Европо“ е насловот на двочасовно телевизиско шоу, кое ќе се емитува вечерва, со почеток во 21 часот, со кое Европската радиодуфузна унија ќе ја одбележи 65-та годишнината на Евровизискиот фестивал, чие финале требаше да се одржи во овој термин во Ротердам, Холандија.

Се разбира причината за неодржувањето е актуелната пандемија на коронавирусот, што ги стопира сите јавни настани на планетата. Но бидејќи „Евровизија“ пред сѐ е телевизиски проект, ЕБУ одлучи на големиот број обожаватели и телевизиски гледачи вечерва да им приреди вистински спектакл. Настанот ќе се реализира во соработка на Европската радиодифузна унија со нејзините партнери од Холандија, НПО, НОС и АВРОТРОС.

– Специјалното телевизиско шоу нема да има натпреварувачки карактер, но ќе им оддаде значајно признание на сите песни и учесници од 41 земја, колку што требаше да учествуваат на годинашната „Евровизија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.