Албумот насловен „Bedtime Stories” на младата група Lincoln Letter ќе биде концертно промовиран в недела, на 29 декември во МКЦ. Концертот ќе се одржи во 20 часот во Денсинг салата во МКЦ, влезот е слободен за сите посетители.

„Lincoln Letter” се млад рок бенд од Скопје кој неодамна го издаде својот прв албум. Нивната музика е инспирирана од музиката на вестерн филмовите и е отсвирена во современ рок формат. Албумот содржи 12 песни – секоја од нив со посебна вестерн приказна. Снимен е во 2019 година во Скопје и Куманово, а продуценти се Ади Имери, Милош Краљевски и самиот бенд.

„The man who became legend“, е нивниот прв сингл и спот – сниман како вестерн филм, чија промоција беше на 29-ти ноември во рамки на „Skopje Design Week”. По точно еден месец следува првата можност да се слушне целиот албум во живо во Денсинг салата на МКЦ, а после концертот ќе бидат достапни и бесплатни download кодови за албумот.

Членови на „Линколн летер“ се: Јаков Наумоски, Јулијан Мицевски, Борјан Гаговски и Стефан Сајковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.