Во Младинскиот културен центар (МКЦ) е во тек деветтото издание на Фестивалот на свежа домашна музика „Земјотрес”, кој ќе трае до сабота.

Вчера настапија  Дина Јашари и Перија, денеска се Триџект и Локал Блу, а во сабота Александар Велики и Кантон6. Сите концерти почнуваат во 19 часот.

Билетите по цена од 200 денари се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk

Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор.

Бројот на посетители е намален (70 седишта), носењето маски е задолжително за време на целиот настан. Фестивалот е поддржан од Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.