Кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ, според неофицијалните сознанија на српски Курир, ќе биде погребан денеска во Нови Сад.

Семејството решило испраќањето да се изврши во најтесниот круг.

Денешниот датум, 21 февруари, прогласен е за Ден на жалост на територијата на Нови Сад.

Ги изгаснаваме сите светла на Градската куќа како би искажале болка и тага со семејството. Ова е тежок момент за семејството Балашевиќ, ама и за целиот град, држава и регионот – порача градоначалникот Милош Вучевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.