Српските медиуми со позитивни оценки за настапот на Влатко Стефановски на фестивалот „Нишвил“. Стефановски настапил во неформалниот дел од фестивалот, веднаш по настапот на Гелдоф. „Незаборавен концерт“, „Влатко Стефановски и Боб Гелдоф направија дармар на Тврдината“ се само дел од насловите во српските медиуми кои ја пренесуваа секојдневно атмосферата од Фестивалот.

Светската ѕвезда Боб Гелдоф и Влатко Стефановски настапија на затворањето на „Нишвил“, но според публиката, вистинското шоу го направил нашиот Влатко Стефановски.

Стефановски настапил во неформалниот дел од фестивалот, веднаш по настапот на Гелдоф, а публиката уживала во сценската изведба, речиси никој не си отишол, како што се случувало претходно.

Има одлични вибрации меѓу мене и вас. Во Ниш настапувам 40 години и пресреќен сум што имам публика како вас, се обратил Стефановски до својата публика, која неколкупати го враќала на бис. По настапот, фановите чекале да се фотографираат со него, пишува Курир.рс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.