Нашиот популарен пејач на народна музика Влатко Миладиноски, новата година ја започнува со промоција на нов спот, овој пат за темата „Се вратив сине“.
Спотот е снимен во Швајцарија, поточно во Лозана и Морж, и на Козјак. Музиката и аранжанот за оваа песна ги направи неговиот брат Златко Миладиноски, а текстот е на Драган Матески.

Промоцијата на најновиот спот доаѓа во време кога Влатко успешно ја заврши телевизиската и концертната промоција на својот нов албум „Велат не нема“, а се започна точно пред една година со спектакуларниот и емотивен настап во близина на Солун, за кој зборуваа и информираа сите, каде Влатко и 2.000 македонски грла заедно ја пееја „Велат не нема“, песна која ќе ја одбележи неговата кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.