Спотот на новата песна на Владо Јаневски „Откако си негова“ беше промовиран денеска во Скопје. Во најновиот видео запис се појавува и Јаневски, кој како што рече самиот не сака многу да биде пред камера, но овојпат бил приморан од страна на „Кроација рекордс“ каде наскоро ќе се појави песната и спотот на хрватски јазик.

Поранешната мис на Македонија, Вера Мештеровиќ се појавува во спотот „Откако си негова“, а режијата е на Дарио Јанковиќ.

Со ова се најави славеничкиот концерт за 25 години кариера, на 16 март во ВИП Арената на кој ќе бидат изведени над 30 хитови на Јаневски со стандардниот бенд.

Без да планирам, испаѓа на секои 4 години да организирам концерт. Немам ништо против колегите од регионот кои ги полнат салите, ама убаво е на голем концерт да прозвучи и македонскиот јазик. Јас сум еден од ретките македонски пејачи кои не се плашат да наполнат сала како ВИП арената „Борис Трајковски, вели Јаневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.