Нема веројатно кој не ја знае песната на Балашевиќ која се вика „Божа звани Пуб“. Се работи за некој Божа кој бил голем коцкар и кој изгубил се што имал на карти.

Но, иако сите би помислиле дека се работи за измислена приказна на Ѓорге, „Вечерњи новости“ го пронајде семејството на Божа и им ја раскажал вистинската приказна.

Божа се викал Петре Божаниќ и живеел во селото Фекетиќ во Војводина.Починал во 1975 година, само седум години откако Балашевиќ ја објавил песната за неговиот живот.

Петре најмногу сакал да се коцка со карти, омилена игра му била ајнц а не сакал „пубови“ што било во тоа време погрден назив за полицаец.

Имал и своја крчма каде се коцкал и како што вели за тие партии уште се говори. Во 1938 година  партијата траела од сабота до понеделник, а во неа амбасародот Живко Мудрински, а изгубил се’, како што вели и песната. Божа го пуштил да се поти два дена поради загубата, а потоа му ги испратил сите пари назад“ – вели само една од легендите за Божа – Пуб.

Но, на почетокот на Втората светска војна, Петар и неговото семејство ја доживуваат судбината на другите колонисти и одат во логор во Унгарија но Божа и таму продолжува да се коцка со чуварите.

По војната доаѓа во своето село и доживува длабока старост. Не е како во песната каде што вели дека „можеби картата го однела во Прага или Виена и оти не му се знае трагата.

Велат дека еднаш ја изгубил куќа на карти. Тоа било исклучок. Но, утредента баба Марта на истата маса, играла партија и ја вратила куќата“ – се сеќава нивната внука.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.