Вчеравечер во отвореното студио на „1Тв“ посветено на „Евровизија“ емотивно јавување во живо имаше Велко Тодевски, таткото на Тамара Тодевска.

Горд сум на Тамара, цела вечер не престанав да плачам од среќа. Тамара уште од мали нозе ја носев на фестивали, да игра, да пее. Таа ја сака музиката и знев дека еден ден ќе успее. Премногу сум горд на неа, рече тој во телефонскиот разговор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.