Штип од денеска живее во ритамот на „Макфест“. На 34-то издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, денеска и утре ќе се одржат двете полуфинални вечери, а во сабота е финалето.

На прес-конференцијата техничкиот директор на „Макфест“, Кирил Панајотов рече дека на фестивалот се враќаат добро познатите текстописци и композитори, а вечерва публиката ќе може да слушне 15 песни. Прв на сцената настапува Мартинијан Кириловски, а последни групата Кентаур.

Гласањето е 50:50, односно секоја влезница во салата е глас, а останите 50 се на стручното жири. Фестивалот и оваа година го пренесува МТВ, водителка и оваа година е Маријана, вели Панајотов.

На првата фестивалска вечер предвидено е да присуствува и Министерот за култура, Хусни Исмаили. Организатор на фестивалот е Општина Штип, со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.