Македонија не се пласираше во финалната вечер на овогодинешниот Евросонг. Македонскиот претставник Васил Гарванлиев имаше одличен сценски настап, но тоа не беше доволно за финале.

Пред настапот на Евровизија тој имаше непотребни провокации – боите на бугарското знаме во спот, алки во боите на бугарското знаме, се појави интервју во кое го истакнува неговиот бугарски пасош… Сето тоа предизвика револт кај дел од Македонците. Сепак Васил вечерва професионално ја одработи задачата, го исполни ветеното – добар и моќен настап. За жал, Македонија не се најде во десетте финалисти.

Во финале влегоа:
Норвешка,
Израел,
Русија,
Азербеџан,
Малта,
Литванија,
Кипар,
Шведска,
Белгија,
Украина

Вечерва настапија
1. Литванија: Групата Роп Дискотека

2. Словенија: Ана Соклиќ Амин

3. Русија: Маниза

4. Шведска: Тузе

5. Австралија: Монтеин Техниколор

6. Македонија: Васил Гарванлиев Тука стојам

7. Ирска: Лесли Рој Мапи

8. Кипар: Елена Кагрину Ѓаволот

9. Норвешка: Тикс Паднат ангел

10. Хрватска: Албина Тик-ток

11. Белгија: Хуверфонична група Погрешно место

12. Израел: Еден Ален Ослободи ме

13. Романија: Роксана Амнезија

14. Азербејџан: Ефенди Мата Хари

15. Украина: Go_A група Бучава

16. Малта: Дестинации го имам

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.