OHRID CALLING сепак како тридневен фестивал кој ќе се одржи од 31-ви јули до 02-ри август, на вашето омилена фестивалска локација, охридската Касарна!

Во моментов ги финализираме сите финеси за уште едно возбудливо фестивалско издание на OHRID CALLING и сите детали околу тридневниот line-up, како и продажбата на влезниците, ќе ги објавиме финално во понеделник навечер, на 05-ти јули.

Животот се враќа во нормала. Подгответе се за уште една незаборавна журка на OHRID CALLING!, велат организаторите.

Започнуваме на 31ви јули, каде на првиот фестивалски ден хедлајнери ќе бидат експлозивните девојки NERVO!

NERVO е дуо веќе добро познато за армијата на Оhrid Calling, кое настапува во primetime и на фестивали како Tomorrowland, Ultra Music festival и слично.

Пред NERVO настапува диџеј дуото VINAI за прв пат во Македонија, добро познати по хитовите “Rise Up“, “How We Party“ и др, и секако, своите спектакуларни диџеј сетови. Пред VINAI се едни од најголемите регионални и светски дј-дуа VANILLAZ кои ни доаѓаат од Словенија, а првата фестивалска вечер ќе ја отвори младата и надежна диџејка JANA SLAYY.

На втората фестивалска вечер на 01 август, хедлајнер ќе биде REGARD, во моментов веројатно најактуелниот светски диџеј од чии што хитови “ Ride It“, „Secrets“ “You“ се толку многу заразни, за што доказ е фактот дека за брзо ги покори сите светски топ листи. Пред него ќе настапат и веројатно најдобрите entertainment-ти во диџеј индустријата- DJ`S FROM MARS. Посебната специфика на оваа вечер ја даваат SENIDAH и SARA JO- сигурно едни од најголемите ѕвезди на балканската rnb и трап сцена, кои за прв пат доаѓаат во Охрид после настапите на фестивали како Exit и Sea Dance. Загревањето на оваа вечер ќе му биде доделено на младиот диџеј DELOVSKI.

Последната фестивалска вечер, одбрана намерно да биде на 2ри август, на големиот празник Илинден, се потрудивме да биде специјална со after – midnight closing festival set на спектакуларното диџеј дуо SUNNERY JAMES & RYAN MARCIANO. Пред нив ќе настапи диџеј дуото OFENBACH, на сите добро познато по своите екстремно големи хитови како Wasted Love“, “Be Mine“, “Paradise“ и уште многу други. Пред Ofenbach, првата интернационална ѕвезда таа вечер ќе биде хитмејкерот MAHMUT ORHAN кој на сцената на Ohrid Calling ќе настапи со специјален диџеј сет. Вечерта ќе ја отвори младиот и надежен диџеј CHRIS J.

ВАЖНО: Иако сме лимитирани со капацитет и во продажба нема да бидат пуштени повеќе од 5.000 влезници на локација која собира 15.000 посетители, се одлучивме за неверојатно ниски цени за ваков фестивалски line-up., сооптија организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.