Нa најследениот видеоблог за евровизиски вести, „Виви блогс“, евровизискиот познавач Вилијам Ли Адамс ја коментира новата песна „You“ со која на Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија.

Според него, „You“ нуди различност и разиграност во година полна со емоцијонални машки балади, но дека песната сама по себе не би постигнала многу доколку нема соодветна сценска изведба.

Во коментарите под видеото има и поддршка и критика, но повеќето сметаат дека темата на видеоспотот е малку згрешена, односно дека Васил наместо со девојка, требаше да заигра со шанкерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.