Една година откако почина музичката ѕвезда Оливер Драгоевиќ, беговите пријатели и колеги денеска споделија емотивни пораки на социјалните мрежи.

Тони Цетински напиша:

Драг мој морски волку

Ништо нема да биде исто по твоето заминување драг наш Оливер. Твојот глас ќе се слуша како гласична музика и за 300 години !!!
Сите твои шеги и глупости на кои се смеевме како деца се моменти кои никогаш нема да ги заборавам.
Морам да ти признам дека те сакав и те сакам како да си ми татко.
Од тебе најмногу научив, бидејќи од тебе најмногу добив.
Ти им се даваше на луѓето и на пријателите и не се штедеше во тоа.
Во тој факт лежи уште една од тајните на твојата успешна работа и твоето постоење.
Отсекогаш си бил доказ дека не е доволно само да се биде врвен уметник туку и ЧОВЕК и поради тоа големо БЛАГОДАРАМ.  Голема среќа е и гордост што живеев и го запознав животот познавајќи те тебе.

Длабока болка во градите и голема празнина во мислите има сега во мене.
Песните кои ни ги остави сега се единствена утеха.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.