35-годишниот Марселито Помој од Филипини ја кренал на нозе публиката за време на настапот во „Америка има талент: Шампиони“, новата верзија на популарниот музички натпревар во кој учествуваат победниците и натпреварувачите од претходните сезони од цел свет.

Помој во 2011-та година победил во филипинската верзија, а зад себе веќе има два објавени студиски албуми.

Тој се врати на голема врата на натпреварот, пеејќи ја симфониската балада „The Prayer“, која инаку ја изведуваат Селин Дион и Андреа Бочели.

На сцената му се придружила и сопругата како емотивна поддршка, додека во жирито седеле познатите Сајмон Кауел, Хајди Клум, Елиша Диксон и Хауи Мендел.

Иако Помој бил видно нервозен на сцената, одлично му потврдил на Кауел дека ќе биде победник оваа сезона, на воодушевување на публиката.

Потоа почнала музиката, а вештините кои ги покажал Помој дефинитивно се несекојдневни.

Почнал да пее како Селин Дион – истенчен сопран, а потоа, на изненадување на сите и без мака се префрлил на длабокиот тенор на Андреа Бочели.

Како што течела песната, Помој продолжил да се префрлува од еден глас на друг, поради што заслужил громогласни овации.

„Господе! Ова беше многу уникатно! Ти си еден прекрасен, неверојатен пејач во кој е заробена млада жена“, рекол Хуаи воодушевено, додека Елиша истакнала дека сакала да слушне нешто поинакво и посебно и дека тој ѝ го овозможил тоа искуство.

„Беше апсолутно брилијантен“, истакнала Елиша.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.