Првпат во историјата на музичкото шоу Ѕвездите на Гранд натпреварувач е дисквалификуван од натпреварување поради недолично однесување и тоа на таткото на натпреарувачот.

Минатиот пат кога татко му се испокара со жирито, продукцијата му прогледа низ прсти и Адам Лабунски иако со жолст картон, остана во игра. Но, овој пат Адам Лабунски беше дисквалификуван и е исфрлен од понатамошното натпреварување во Ѕвездите на Гранд.

Менторката на Лабунски, Марија Шерифовиќ ја потврди веста на Инстаграм откривајќи дека Адам е дисквалификуван заради непримерено однесување и дека на негово место ќе биде вратен друг кандидат кој заслужува да биде дел од шоуто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.