Тамара има 22 години и моментално ги завршува студиите на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсек музичка теорија и педагогија. Со пеење се занимава од 7 годишна возраст, а освен со музика се занимава и со глума во театарот Дел Арте во Битола. Покрај работата како самостоен изведувач, Тамара е член на бендот Страна Б со кој се дел од клубската сцена низ Македонија, и е дел од професионалниот хор ,,Про Арс”. Ова е нејзина прва песна, предходно имаше неколку преработки на познати песни. Песната ќе излезе во среда (05.06). 

Музиката и аранжманот се на Давор Нечак, текстот е на Јосип Коцев, а видеото е дело на Агон Исмајли и Зубер Красниќи. Преработките на песните може да ги најдете на нејзината фејсбук страница https://www.facebook.com/tamarastojkovskaofficial/

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.